Здравство

Под лупа преостанатите пет случаи за сомнителни кардиохируршки интервенции

02.10.2025 14:21

Осумте случаи за сомнителни кардиохируршки интервенции се разгледани, под лупа се преостанатите пет, доставени од пациенти до Фондот за здравство. Надлежните имаат комуникација со стручната комисија од странство, но тие ќе бидат вклучени откако сите случаи ќе бидат испитани од Комисијата во здравство…

13 досиеја пристигнати до стручната комисија во Министерството за здравство се патоказ до вистината, се правеле ли неосновано кардиолошки и кардиохируршки интервенции. Стручната комисија разгледала осум досиеја доставени од државната Кардиохирургија, и пет пристигнати од пациенти до ФЗО.

Министерот знае дека на Онкологија недостигаат тумор маркери, но вели, можат да се направат во кои било лаборатории низ државата и на онкологија да дојдат со резултати.

Со испраќање на лекари на обука во странство и помош од странски лекари, во земјава ќе се решаваат проблемите со недостиг од кадар, вели министерот.

Наташа Јанчиќ – Менковски