СДСМ и коалицијата ја презентираа програмата во Кичево и Куманово
Лидерот на социјалдемократите Венко Филипче ги нарече обид за спин обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тој предложил црвени линии за заштита од францускиот предлог кој пред една година го прогласил за победа. Вели во предлог-резолуцијата содржани се сите претходни документи во кој јасно се заштитени сите идентитетски одредници. На митингот во Кичево, СДСМ и коалицијата ја презентираа програмата...

Без поддршка од Владата, со скратени авансни плаќања, земјоделците во Куманово се оставени на цедило, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче кој со кандидатот за градоначалник Мартин Костовски го посети локалниот пазар. Од СДСМ велат дека пазарџиите им се пожалиле оти скратувањето на субвенциите се рефлектира на производството, а тоа се одразува и на цените, па затоа и граѓаните плаќаат повисоки суми за зеленчук и овошје. Филипче вели дека тоа се должи на, како што рече – лошите економски политики на Владата. Партискиот претседател вели дека СДСМ има визија за реконструкција на пазарот, да добие модерен изглед, покриен објект и подземен паркинг. За разлика од СДСМ, актуелниот градоначалник Димитриевски, вели Филипче – има план да го продаде пазарот.
Претходно, СДСМ одржа митинг во Кичево. Ние сме продолжение на најсветлата традиција на Македонија, борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите, истакна Филипче пред присутните поддржувачи. Тој нагласи дека е време за повторно обединување и консолидација, истакнувајќи дека борбата на СДСМ е борба за државата која е заеднички дом, а не приватна сопственост.
Носителот на советничката листа Стево Стефаноски рече дека ќе се залага за чисти улици, безбедни тротоари за децата, град без глутници кучиња, функционална инфраструктура и доволно паркинг места.
Стефаноски вели дека е време за обнова на надежта, за нова енергија и луѓе со знаење. Рече дека визијата на СДСМ е да создаде град во кој младите ќе сакаат да живеат и затоа ја побара поддршката за листата со број пет.
Анита Димитријевска – Велковска
