Временска прогноза

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд

03.10.2025 08:02

Ќе дува умерен до засилен северен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе биде од-3 до 7 степени, а дневната од 0 до 11 степени.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.