Оцена на обвинителниот акт за „Пулс“
Според најавите, денеска треба да биде оценет обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека. Истекуваат и законските рокови за прием и достава на приговор. За пожарот во „Пулс“, во Обвинителството за гонење организиран криминал, истрага и анализа на обезбедените докази се води и за 29-мина полициски службеници.

Според најавите, денеска треба да биде оценет обвинителниот акт за пожарот во кочанската дискотека. Истекуваат и законските рокови за прием и достава на приговор. За пожарот во „Пулс“, во Обвинителството за гонење организиран криминал, истрага и анализа на обезбедените докази се води и за 29-мина полициски службеници. Наскоро се очекува обвинението и за нив. Покрај пораките на инспекторите на УЈП со сопственикот на дискотеката, има уште многу пораки кои се предмет на истрага, вели државниот обвинител Коцевски.
Управата за јавни приходи суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“, сè додека трае постапката.
