Самит во Копенхаген

Зајакнување на одбраната против дроновите на источните граници на ЕУ

03.10.2025 09:55

Додека западот ја засилува безбедносната стратегија против руската агресија, Путин ја обвини Европа дека ја продолжува војната во Украина и го блокира мировниот процес.

Украина беше главна тема на самитот во Копенхаген, каде земјите-членки се согласија на зајакнување на одбраната против дронови и на источните граници поради руските закани.

„Сите гледаме дека Русија ги засилува своите деструктивни акции, а она што сега е најважно за безбедноста на Европа е политичката волја. Тие се јасно решени да одговорат на растечката закана од дронови. Сите овие инциденти ја покажуваат потребата од заедничко дејствување“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Додека западот ја засилува безбедносната стратегија против руската агресија, Путин ја обвини Европа дека ја продолжува војната во Украина и го блокира мировниот процес. Тврди дека „киевскиот режим“ ќе мора да седне на преговарачка маса поради недостаток на луѓе, а испораката на ракети „Томахавк“ нема да ја смени ситуацијата, но ќе ги влоши односите Русија – САД.

„Сите земји на НАТО се во војна против нас. Одговорноста за неуспехот да се запрат борбите не лежи кај мнозинството, туку кај малцинството, првенствено кај Европа, која постојано бара конфликт. Во Европа е основан посебен центар кој поддржува сè што прават украинските вооружени сили“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.