Политика

Српскиот премиер Мацут во работна посета на земјава

03.10.2025 08:31

Во Владата ќе има средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

Српскиот премиер Ѓуро Мацут доаѓа во работна посета на земјава. Во Владата ќе има средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.

Се очекува да се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, за политичката состојба во регионот, но и за економската и меѓуграничната соработка.