Продолжува предизборната кампања
Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните. Но, се заоструваат реториката и меѓусебните обвинувања...

Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните. Но, се заоструваат реториката и меѓусебните обвинувања.
Под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“, ВМРО-ДПМНЕ денеска со митинзи во Новаци, Могила и во Битола. И кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски продолжува со претставување на својата програма.
Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи митинзи во Струга и Охрид, а претходно средби во Дебарца и Вевчани. И кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова на терен.
Со предизборните карвани продолжуваат Левица и ЗНАМ, како и Националната алијанса за интегритет и коалицијата ВРЕДИ. На терен и независните кандидати.
