АМСМ
Забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово
03.10.2025 09:32
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово...

Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
