Силни реакции на меѓународната сцена по блокадата на бродовите од флотилата за Газа
Од хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“ што носи помош кон Газа, плови само уште еден брод откако израелските власти синоќа ги пресретнаа останатите и уапсија над 400 активисти. Потегот на Израел предизвика силни реакции на меѓународната сцена...

Од хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“ што носи помош кон Газа, плови само уште еден брод откако израелските власти синоќа ги пресретнаа останатите и уапсија над 400 активисти кои одбиле да го сменат курсот и се обиделе да ја пробијат израелската блокада.
Потегот на Израел предизвика силни реакции на меѓународната сцена, но и масовни протести низ повеќе градови низ Европа.
Во Италија за денеска е најавен генерален штрајк, кој премиерката Мелони го критикува опишувајќи го како „гест што не им користи на Палестинците, туку им носи големи непријатности на Италијанците“.
