20 години Балканска алијанса на хотелски асоцијации
Нови авиолинии, современи патишта, подобар транспорт, железници автобуси за поголема размена на туристи. Ова е пораката на хотелиерите од Балканот, кои денес во Охрид одбележаа 20 години заедништво за унапредување на туризмот. Балканската алијанса на хотелски асоцијации на конференција во Охрид ќе бара начини за надминување на предизвиците...

Балканот е препознатлива туристичка дестинација. Со заедничка богата понуда балканските земји последниве години привлекуваат голем број туристи. Треба да се работи на меѓусебно поврзување со воведување на нови авиолинии, современи патишта, железници, попристапен транспорт за поголема размена на туристи, порачаа експертите на конференцијата во Охрид по повод 20 години Балканската алијанса на хотелски асоцијации.
„Основните работи ни се инфраструктурите кои гледаме дека на Балканот се подобрува за последните 20-тина години, или 10-тина да кажеме. Одиме напред, има проекти за следните 10 години како би се поврзале за полесно движење на туристите“, истакна Крсте Блажески, дел од БАХА – Балканската алијанса на хотелски асоцијации.
Балканските хотелиери ги мачат истите или слични проблеми во туризмот. Сите последниве години се соочуваат со недостиг на кадар.
„Големи проблеми имаме, тоа е работна сила. Не само ние во Црна Гора, но и целиот н регионот. Имаме ДДВ, кое скокна од 7 на 15%, тоа е некој 105%. Се бориме како Здружение на хотели и по тоа прашање, но наидовме на отпор од државата“, изјави Никола Пејовиќ претседател на Хотелската асоцијација на Црна Гора.
„Комуникацијата, стопанството со владата и со централна, и со локална треба да ја има. Зошто да не се отворат повеќе видови на туризам да се продава локалната дестинација., еден од основачите на БАХА.
Војните во светски рамки и инфлацијата, придонесоа за негативни последици во туризмот во сите Балкански земји.
Соња Рилковска
