Локални избори 2025

Митинг на Националната алијанса за интеграција во Шуто Оризари

03.10.2025 17:33

Сакаат да не направат потстанари и граѓани од втор ред, иако сме основачи на модерната држава Македонија рекоа од Националната алијанса за интеграција на митингот во Шуто Оризари. Ја претставија програмата за локалните избори и кандидатот за градоначалник на Скопје од оваа коалиција Скендер Реџепи Зеид...

Националната алијанса за интеграција на митинг во Општина Шуто Оризари. Пред граѓаните својата програма ја претстави кандидатот за градоначалник на Скопје Скендер Реџепи-Зејд. Вети дека ќе работи во интерес на граѓаните но и дека ќе се спротивстави на како што рече сите обиди Албанците да бидат сметани како граѓани од втор ден.

Лидерот Али Ахмети вели дека никој не може да го наруши Охридскиот рамковен договор чии гарант се САД, ЕУ и НАТО. 

На митингот се претставија кандидатот за советник во Општината Шуто Оризари Заим Лесковица и носителот на советничката листа во Скопје, Абдили Селам Селами.

Викторија Милевска