Локални избори 2025

Квалитетно образование за сите, ветуваат од од советничката листа на ЗНАМ

03.10.2025 17:47

Квалитетно образование за учениците, подобри услови во училиштата, ветуваат од советничката листа на ЗНАМ, движењето за наша Македонија. Во Куманово најавуваат нов лик на училишни објекти, спортски сали...

Куманово ќе продолжи да вложува во образованието, модернизација на наставата и создавање услови секој ученик и студент да напредува, ветуваат од советничката листа на ЗНАМ. Ќе се залагаат за реконструкција и доопремување на училиштата, со фокус на енергетската ефикасност, зголемен квалитет на наставата и пристап за лицата со попреченост.

„Реконструкција и доопремување на училишните спортски сали, како и изградба на нови училишни спортски сали каде што е потребно. Технолошки зони и модерни ИТ кабинети во средните училишта – нови компјутери, брз интернет, нови технологии и дигитални обуки. Партерно уредување, осветлување, урбана опрема и нови спортски игралишта во дворовите на централните и подрачните училишта. Реконструкција на фасадите“, истакна Моника Марковска, кандидат за советник ЗНАМ.

Од ЗНАМ ветуваат и нов лик на неколку училишта во руралните средини.

„Целосна реконструкција и доопремување на УОМО „Панче Пешев“.

Нашата цел е јасна: преку образованието да создадеме генерации подготвени за предизвиците на новото време, но и свесни за своите корени, култура и вредности. Секој млад ум е искра надеж за подобро утре. Затоа, вложуваме во образованието – затоа што токму тоа е силата што ќе го движи Куманово напред“, дополни Марковска.

ЗНАМ ќе работи на промоција на инклузивна средина во сите училиштата.

Елена Георгиевска