Канализација и колектори, приоритети за Касами
Вкупно 5 километри атмосферска канализација и колектори најавува меѓу своите приоритети за Тетово кандидатот за градоначалник на оваа општина од „Вреди“. Тој додава дека инвестицијата ќе тежи над 96 милиони денари и дека со ова ќе превенира од ризикот од поплави и сообраќајната инфраструктура...

Во населбата Вон вардарска и комплексот Тетекс кон Урбан блок 59 до новиот колектор за атмосферски води ќе се гради канализација близу 2, 5 километри, ветува кандидатот за градоначалник на општина Тетово од „Вреди“, Касами. Тој додава дека вкупно 5 км ќе биде целосниот проект кој ќе ги зафати и булеварот „Видое Смилевски Бато“ и населбата „Дарданија“ со над 96 милиони евра.
Биљали уверува дека времето на застој на развојот на општината поминал и дека граѓаните ќе бидат заштитени а градот ќе се трансформира во уште подобро место за живеење.
Фиљана Кока
