Македонија
30 години од обидот за атентат врз Глигоров
03.10.2025 16:52
На 3-ти октомври беше извршен обид за атентат врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата...

Пред 30 години на 3-ти октомври беше извршен обид за атентат врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата.
Загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Истрагата утврди дека обидот за атентатот бил добро подготвен и организиран.
Остана непознато кој стоел зад него, а истражната постапка која се води против непознат сторител е сè уште отворена.
