Локални избори 2025

Шести ден кампања за Локалните избори 2025, кандидатите на терен

04.10.2025 10:01

Ветувања за нови проекти, идеи, обвинувања. Шести ден кампања, се вжештува реториката, изборните карвани во трка по довербата на граѓаните. Ќе победат ли визиите за локален развој или старите навики на клиентелизам и личните ветувања?...

Ветувања за нови проекти, идеи, обвинувања. Шести ден кампања, се вжештува реториката, изборните карвани во трка по довербата на граѓаните. Ќе победат ли визиите за локален развој или старите навики на клиентелизам и личните ветувања? СДСМ карванот го продолжува со централен митинг во Свети Николе, претходно и на средби со граѓани во Велес, Градско и Чашка. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска митинзи и средби со граѓани во Теарце, Брвеница, Јегуновце, Ѓорче Петров и Куманово. Левица на средби со граѓани во Аеродром, Охрид, Стуга и во Кичево.

И албанскиот блок политички партии ја продолжуваат кампањата презентирајќи ја програмата со која бараат гласови од граѓаните. На терен и независните кандидати ги промовираат визиите за поубаво и поздраво место за живеење.