Лига на шампиони

Марибор триумфално во Глазгов, сите други домаќини славеа

27.08.2014 21:31

Фудбалерите на Марибор по една ипол деценија ќе играат одново во Лигата на шампионите, благодарение на синоќешната победа на гостувањето кај Селтик. Сите 90 минути ги одигра Агим Ибраими, а стрелец на единстениот гол беше Тавареш во 75 минута, со што Марибор го доби двомечот со вкупни 2 : 1 против шкотскиот тим.

Во сите други мечеви домаќините славеа убедливо, Порто со головите на Брахими и на Мартинез во дуелот со Лил за вкупни 3 : 0, Зенит со двата гола на Хулк и еден на Рондон го совлада Стандард со 3 : 0 или заедно со првиот меч 4 :0. Со 3 гола гостите ги испратија и фудбалерите на Бате кои триумфираа над Слован со вкупни 4 : 1, со головите на Гордејчук, Кривец и на Родионов. Конечно во Л Ш ќе игра и Апоел, откако кипарскиот тим по нерешениот меч 1 : 1 во Данска, во реваншот го декласира Алборг со 4 : 0. Стрелци на головите беа Винисиус, Де Винсенти, Алонефтис и Шеридан.

Вечерва се играат другите пет реванш натпревари од “плеј оф“ фазата во Лигата на шампионите, во кои се среќаваат Арсенал – Бешикташ (во првиот меч 0 : 0), Атлетик Билбао – Наполи (1 :1), Баер Леверкузен – Копенхаген (3 : 2), Салцбург – Малме (1 :1) и Лудогорец – Стеауа (0 :1).