Европа

Жртви во поплави во Бугарија

04.10.2025 13:11

Тројца луѓе ги загубија животите во ресортот „Елените“, властите прогласија вонредна состојба во Несебар и Царево...

Големи поплави ги погодија југоисточна Бугарија и Приморјето. Тројца луѓе ги загубија животите во ресортот „Елените“, властите прогласија вонредна состојба во Несебар и Царево. Илјадници се приморани да го напуштат домовите. Меѓу жртвите се и двајца спасувачи. Надојдената вода ја уништи инфраструктурата, возила завршија во водите на Црно Море, поплавени се куќи, хотели и кампови.

Штетите се огромни, а се стравува дека бројот на жртви ќе расте. И војската е ангажирана за расчистување на блокираните подрачја.