Премиерот Груевски ќе учествува на самитот Германија-ЕУ-Западен Балкан
Во Берлин на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се одржи самит Германија-ЕУ-Западен Балкан, чија цел е реафирмирање на поддршката на европските перспективи на земјите од регионот, на процесот на нивната интеграцијата со поттикнување на поголема регионална соработка.

На самитот ќе учествуваат премиерите и министри за надворешни работи, за финансии и за економија на Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Косово. На заедничка маса со нив ќе бидат претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а дел од учесниците се и високи претставници од Австрија, Франција, Словенија и од Хрватска.
Канцеларката Меркел и Баросо, според најавите, ќе учествуваат на сегментот на политичките лидери, каде ќе учествува и македонскиот премиер Никола Груевски. Ееврокомесарот Филе ќе присуствува на состанокот на шефовите на дипломатиите, а домаќин на состанокот од областа на економијата ќе биде германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел.