анализа

Аврамовски: Судењето за „Пулс“ нема да трае кратко

04.10.2025 14:11

Правницитe резервирани по одобрување на обвинението за пожарот во „Пулс“. Очекуваат долга судска постапка поради големиот број обвинети, оштетени и адвокати што ќе ги застапуваат во процесот....

Со 37 обвинети, 33 адвокати и повеќе од 250 оштетени лица, судењето за пожарот во „Пулс“ од самиот почеток носи сериозни логистички и правни предизвици, велат познавачите. Ваквите сложени постапки, каде што учествуваат голем број странки, по правило траат долго – а секое отсуство, дали од здравствени причини или технички пречки, доведува до ново одложување. Иако очекувањата на јавноста се насочени кон брза и ефикасна правда, искуството покажува дека ваквите предмети ретко се решаваат во кратки рокови.

Аврамовски анализира дека ќе биде тешко да се докаже обвинението, бидејќи сите обвинети се товарат за тешки дела против општата сигурност, а се тврди и дека заеднички го сториле делото.

Советот за оценка на обвинителниот акт, го потврди обвинението за 37 лица.

Анита Димитријевска – Велковска