Кампања на кандидатот Бајрам од НАИ во Тетово
Генерален урбанистички план за целата општина. Тетово ќе стане модерен и чист мултиетнички град кој ќе добие нова димензија, вели кандидатот за градоначалник на Национална алијанса за интеграција Бајрам Реџепи...

Тетово ќе стане модерен и чист мултиетнички град кој ќе добие нова димензија. Ова го најави кандидатот за градоначалник од Национална Алијанса за Интеграција, Бајрам Реџепи. Вели, ако ја добие довербата од граѓаните, Тетово ќе стане урбано место за живеење.
Реџепи рече дека Тетово треба да добие генерален урбанистички план за целата општина, за да функционира како што треба.
Реџепи со апел до неговите граѓани да не влегуваат во валкани политички игри, оти животот не започнува и не завршува со овие локални избори. Вели, ќе продолжиме да живееме заедно во Тетово и покрај сè, и ќе се гледаме в очи уште многу пати.
Борис Грујоски
