Охрид

Годишно собрание на рударски и геолошки инженери

04.10.2025 15:02

Македонија е земја богата со минерали во иднина треба да се работи на современи и еколошки методи за нивно искористување. Како дел од зелената транзиција. Фотоволтаици, ветерници и водени турбини треба да ги заменат загадувачките индустрии. Ова се дел од заклучоците на Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инженери …

Воведување на зелени технологии за производство на електрична енергија е главниот предизвик пред кој е исправена нашата земја. Како дел од зелената транзиција фотоволтаици, ветерници и водени турбини треба да ги заменат загадувачките индустрии. Ова се дел од заклучоците на Годишното собрание на Здружението на рударски и геолошки инженери.

„Посебно индустриите коишто произведуваат електрична енергија да ги заменат со обновливи или извори на електрична енергија. Рударството е многу битен фактор, од проста причина што рударството треба да ги обезбеди тие метали, минерали коишто ги направат функционални овие зелени технологии“, вели проф. д-р Горѓи Димов геолог.

Во тек е подготовка на два нови закони за рударство и геологија, според експертите во нив се вклучени сите еколошки елементи.

„По мене мислам дека Законот, кога ќе ги помине сите амандмански процедури се надевам дека ќе биде модерен Закон којшто ќе одговори на моменталната состојба во Македонија и она што не чека во иднината“, вели проф. д-р Зоран Панов професор по рударство.

Ако во минатото професијата рудар беше на маргините, денес се враќа интересот. Во однос на безбедноста на рударите, експертите велат таа е на високо ниво во земјава.

Соња Рилковска