„Вреди“ на средби со пензионери во Чаир и Тетово
Подобра економска политика и подобар живот за пензионерите најавуваат кандидатите за градоначалници од редовите на „Вреди“. Изет Меџити на граѓаните од Чаир и Билал Касами во Тетово им ветија дека пензиите ќе продолжат да се зголемуваат, со предвиденото темпо.

Пензионерите кои цел работен век придонесувале за општеството, заслужуваат достоинствен живот. За „Вреди“, еден од приоритетите е грижата за највозрасните граѓани. На средбите со пензионерите во Чаир и Тетово, кандидатите за градоначалници, Изет Меџити и Биљал Касами посочија дека досегашната поддршка за пензионерите, преку зголемувањето на пензиите е видлива. Додаваат дека покачувањето од 1-ви октомври, заедно со планираното во март, изнесува 7.000 денари.
Меџити најави дека Чаир ќе добие младински центар, дом за младински идеи и иновации.
Марија Котовска
