Локални избори 2025

Левица на средба со граѓани во Тетово

04.10.2025 17:22

Идеи за поефикасна општина Тетово, пред жителите на градот ги претставија претседателот на Левица Димитар Апасиев, кандидатката за градоначалничка за Општина Тетово, Катка Божиноска и носителот на листа на општина Тетово, Боби Илиевски...

Чиста животна средина, чисти улици и уредени урбани средини. Ќе работиме и ќе се бориме за нашето Тетово, за нашиот дом, истакна пред жителите, кандидатката за градоначалничка од Левица Катка Божиновска. Таа потенцираше дека жителите заслужуваат чесна и транспарентна власт која ќе работи за нивните потреби.

Програмата е создадена по директните средби со граѓаните, истакна носителот на листа за општина Тетово од левица Боби Илиевски. Овој град заслужува промени а ние ќе бидеме нивниот двигател, рече Илиевски.

Справување со загадувањето, решавањето на проблемот со недостиг на вода, воведување ред во урбаниот хаос, уредување на паркови и создавање на зелени површини, се вели во програмата на Левица, а велат дека особено внимание ќе биде посветено на потребите на пензионерите и на сите лица од ранливите.

 

Ана Јосифоска