СДСМ и коалицијата одржаа митинг во Велес
Филипче од Велес ја праша Владата за кого работи за работниците или олигарсите. Пет пати нуделе иницијатива за повисока минимална плата која била одбивана. Како решение за европски почист, среден град, ја понуди нивната кандидатка за градоначалничка Маја Хеско. Таа кажа дека Велес е нечист град со сообраќаен хаос, кој заостанува во развојот …

СДСМ изминатиот период поднел пет иницијативи за покачување на платите и на минималната и на просечната. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги одбила сите, бидејќи им бил поважен крупниот капитал, отколку работникот. Ова го кажа лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче на изборниот митинг одржана во Велес. Нуделе минимална плата од 500 евра, не популистички туку со јасна методологија. Власта поради интересите на неколку големи компании, кои биле блиски до нив, ги оставила работниците по страна. Време е државата да се врати на страна на работниците, порача Филипче и ја праша Владата за кого работите за граѓаните или олигарсите.
Лидерот на СДСМ Филипче кажа дека во времето на нивното владеење ги смениле Законите за рано лекување на малигни болести кај жената, за прв пат се вовела биолошка терапија, втора линиска терапија за карцином на дојка, на бели дробови, на меланом на кожа, на дебело црево. За жал тоа сега се распаднало, пациентите сега не можеле пет скен да закажат а лековите ги купувале во странство, таква грижа водел ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните. Филипче порача дека ако граѓаните сакаат Велес да биде убав, среден, по Европски стандарди, нека гласаат за нивниот кандидат Маја Хеско. Таа кажа дека Велес не е тоа што бил во минатото, заостанува во развојот, споредено со соседните општини Штип и Кавадарци. Велес е запуштен и заборавен, нечист град, со сообраќаен хаос, со запуштени паркови. Актуелниот градоначалник се кител со туѓи пердуви, затоа што наследил големи проекти, со обезбедени средства од ЕУ. Во индустриските зони не бил асфалтиран ниту еден метар, немало канализација и водовод.
Хеско најави дел од проектите. Дигитализација на услугите на локалната власт, реновирање на училиштата и градинките, отстранување на бариерите кон јавните објекти и институции за лицата со попреченост, дом за стари лица во општинските простории од хотелот „Вила Зора“, детска градинка, колекторски систем и пречистителна станица. На Велес му требаат мостови преку Вардар кај Башино село и кај Речани. Пошумување на околните голи ридови. Изградба на кеј по Вардар до Градски парк.
Петар Печков
