Македонија

Во земјава за првпат се спроведува мониторинг за евентуални злоупотреби на изборите

05.10.2025 14:20

Дали и колку се злоупотребуваат локалните јавни ресурси во изборната кампања? Во Македонија за првпат се спроведува мониторинг кој ќе ги објави резултатите за евентуални злоупотреби. Во втората фаза ќе се следи колку се исполнуваат дадените ветувања на граѓаните …

Дали и колку се злоупотребуваат општински возила, простории, материјали и други ресурси во текот на изборната кампања? За првпат, во преку 25 македонски општини се спроведува мониторинг кој ќе ги утврди евентуалните злоупотреби. На терен се 50-тина обучени кадри.

Евентуалните злоупотреби ќе се документираат преку дневници, веб страниците, фотографии, со линкови. Резултатите ќе бидат објавени по изборите.

Мониторингот започна на 15-ти август.

Елизабета Митреска