БЛИСКИ ИСТОК

Утре ќе се одржат разговори за можна размена на заложници меѓу Израел и Хамас

05.10.2025 10:13

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека утре ќе бидат одржани разговори меѓу претставници на Израел и палестинското движење Хамас за можна размена на израелски заложници во Газа за палестински затвореници во Израел...

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека утре ќе бидат одржани разговори меѓу претставници на Израел и палестинското движење Хамас за можна размена на израелски заложници во Газа за палестински затвореници во Израел. Планот предложен од американскиот претседател Трамп влева надеж за крај на војната. Хамас се согласи да ги ослободи сите заложници и сигнализираше дека е подготвен да ја предаде контролата врз Газа на политички независно палестинско тело.

И Израел иако навести запирање на офанзивните операции во Појасот, но во текот на вчерашниот ден продолжи со нападите во енклавата.