Продолжува кампањата за локалните избори
Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните.

Продолжува предизборната кампања за локалните избори. Партиските карвани и независните ги претставуваат своите програми во обид да ги добијат гласовите од граѓаните. Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ денеска ќе одржи собири во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска имаат собири во Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш и Струмица.
Со предизборниот карван продолжуваат и Левица и ЗНАМ, како и Националната алијанса за интегритет и ВЛЕН. На терен и независните кандидати.
