панел- дискусија

Законски измени за борба со фемицидот

05.10.2025 13:27

Стереотипите, предрасудите, сексистичките напади, социјалната и економската нееднаквост, се дел од предизвиците на современата жена. Фемицидот во земјава е широко распространет, невладините подготвуваат законски измени за поголема заштита на жените …

Растргната помеѓу кариерата и семејните обврски, губење на работно место поради бременост, мета на насилство во домот или во службата. Ова се дел од предизвици на современата жена. Најмногу загрижува фемицидот, кој е широко распространет во земјава. Потребни се законски измени, велат невладините, кои веќе подготвуваат иницијативи.

„Имаме поголем број на фемицид во Македонија, но истовремено и законите кои се веќе постоечки, сметам дека има простор за подобрување и не само што ќе се подобрат и ќе бидат веќе ставени во сила, туку треба и да се имплементираат. Затоа што мислам, најголемиот проблем е во имплементација на законите“, вели Ана Дукоска, претседателка и ко-основачка на здружението „Јас сум Жена“.

Стереотипите, предрасудите, сексистичките напади, социјалната и економската нееднаквост ги има сегде во светот, но потребно е спроведување на законите од страна на институциите.

„Ќе кажам дека во САД најдовме начин да го решаваме овој проблем, и тоа исто можеме да направиме во Македонија. Отворање на шелтери, каде што жените ќе може да се засолнат во такви кризни ситуации. Знаејќи дека можеш да одиш во полиција и согласно законот може да се заштитиш себе си“, вели Кимберли Флечер, претседателката на Националната организација „Мајки за Америка“.

Од здружението „Мајките за Македонија“ кое е дел од светската мрежа „Мајки за слобода“, велат ќе работат и на поддршка за подигнување на наталитетот во земјава.

Соња Рилковска