Левица ја претстави својата програма пред граѓаните во Охрид и Струга
Левица ја претстави својата програма пред граѓаните во Охрид и Струга. Ветуваат чесна и транспарентна власт која ќе работи за реалните потреби на граѓаните …

Левица на средби со граѓани ја претстави својата програма во Охрид и Струга. Велат граѓаните заслужуваат чесна и транспарентна власт која ќе работи за нивните реални потреби.
Кандидатката за градоначалник на Струга Јована Мојсоска, ги отфрли обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ за било каква коалиција со ДУИ.
„Токму во Охрид, ние сведочиме во изминатит мандат како владејачката партија од ВМРО ДПМНЕ, е токму во коалиција со советниците од ДУИ, ние сведочиме како во минатиот мандат дека токму градоначалникот Пецаков шуруваше и делеше тендери на главниот локален шериф тука што е од ДУИ, така да јас сум убедена дека таа црна кампања против Левица нема да помине ниту на овие избори“, рече Јована Мојсоска, кандидат за градоначалник на Струга од Левица.
Изминативе четири години Левица имаше само еден советник во градскиот совет во Охрид, но според нив и покрај тоа успеале да поднесат бројни иницијативи за решевање на проблемите на граѓаните.
„Се надевам дека овој пат граѓаните ќе изберат помеѓу советниците коишто воопшто не ги видоа и не ги слушнаа и советниците коишто искрено и чесно се бореа за решавање на нивните проблеми и дека овој пат ќе бидеме најмалку со тројца советници во Советот на Општина Охрид“, вели Виолета Аврамоска, носител на листа на Левица во Охрид.
Приоритет на Левица за Струга ќе бидат најранливите категории, ветуваат отворање на шелтер центар за згрижување на жени жртви на насилство и центар за згрижување на деца со посебни потреби.
Соња Рилковска
