Локални избори 2025

Политичките аналитичари со оценка за кампањата

05.10.2025 15:05

Кампањата на политичките партии продолжува. Се ситни седмицата, во која во секое ќоше од земјава се слушаат различни пораки и визии на партиите и независната платформа. Но, важна е реториката во текот на целата кампања за локалните избори …

Повеќе да се зборува за конкретни локални проекти, а помалку за национални теми и црна кампања, препорака на дел од експертите, на една недела од почетокот на предизборната кампања во Македонија.

Македонија одбројува до локалните избори, а Македонската телевизија поразговара со дел од експертите за тоа како го оценуваат досегашниот тек на предизборната кампања и реторика. Дел од нив велат, засега доминира црната кампања, а неретко, наместо за локални, се зборува за национални теми. Сепак, велат тие, добро е што дел од кандидатите зборуваат и за конкретни проекти, за чија реализација ќе имаат поголема одговорност.

Изборната кампања трае веќе една недела. Ќе трае до 17-ти октомври на полноќ, по што ќе настапи изборниот молк, кој ќе биде на сила до затворањето на гласачките места на 19-ти. Вториот круг на гласањето, пак, е закажан за 2-ри ноември.

 

Марија Котовска