Локални избори 2025
Активности на коалицијата „Искуство за успех“
05.10.2025 18:17
Визионерски план за пренамена на ГТЦ ветува кандидатот за градоначалник за Скопје од коалицијата „Искуство за успех“. А од Кичево упатија порака за модернизација на градот, кој како што велат се гуши во депонии...

Претставувам визионерски план за пренамена на ГТЦ, симбол на Скопје во ново седиште на градската администрација и во современ хаб за младите и културата, вели кандидатот за градоначалник на Скопје од „Искуство за успех“, Александар Трајановски.
Коалицијата се залага за модернизација за Кичево, каде депониите горат и ги гушат граѓаните.
Од „Искуство за успех“ уверуваат дека решенијата нема да останат само на хартија.
Борис Грујоски
