Костоски повторно „кумановец“
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Александар Костоски потпиша договор со прволигашот Куманово.
Откако не ја доби потребната минутажа во актуелниот првак Мзт Скопје Аеродром, плејмејкерот по еда година се враќа во редовите на амбициозниот состав.
Кумановци добро пазареа во преодниот рок и по неколкуте странски засилувања обезбедија искусен и квалитетен домашен кошаркар, кој лани го предводеше Куманово до финалето на Купот на Македонија и до завршниот турнир на четирите најдобри во Библ лигата.

Екипата на тренерот Игор Михајловски в понеделник со тренинг ќе го означи почетокот на новата сезона во која влегуваат со големи очекувања и амбиции.