Активности на кандидатот за Чаир од НАИ, Бујар Османи
Образованието е во алармантна состојба во Чаир, особено во предучилишна возраст, вели кандидатот за градоначалник од Национална алијанса за интеграција Бујар Османи. Тој ветува изградба на две нови градинки со највисоки стандарди...

Потребно е да го вратиме достоинството на наставникот и да донесеме промени во образованието, рече Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција. На Светскиот ден на учителот, Османи посочи дека училиштата во општината се во многу лоша состојба, а наставниците не се вреднувани и почитувани.
„Образованието им го должиме на граѓаните, сè може да почека, но градењето на карактерот и воспитувањето на децата не може да се компензира“, рече Османи, кој најави целосна обнова на училиштата.
Маја Стојанова
