„Вреди“ со нови ветувања за Чаир и Тетово
Модерна и урбана локална самоуправа ветува кандидатот за градоначалник од редовите на „Вреди“. Мултиетнички дружби и соработки меѓу младината во фокус на кандидатот за градоначалник на Тетово Билал Касами. Во програмата меѓу останатите активности предвидува организирање на заеднички активности, како и промовирање на културната соработка …

„Чаир има голем потенцијал и треба да се искористи“, рече кандидатот за градоначалник од „Вреди“, Изет Меџити, кој го претстави мастер планот за општината. Меџити рече дека нуди сеопфатна визија за модерна, функционална и урбана локална самоуправа, средување на сообраќајниот хаос и 5 илјади паркинг места. Со планот опфатена и Старата скопска чаршија.
Во нашата програма има неколку точки за младите, рече Биљал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово од „Вреди“.
Касами вети завршување на градскиот стадион, нови спортски терени, ставање во функција на спортската сала, како и организирање спортски активности со кои Тетово ќе функционира како вистински мултиетнички град.
Ана Јосифоска
