Временска прогноза

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

06.10.2025 08:06

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.