Продолжува кампањата, се вжештува реториката
Осми ден од кампањата за локалните избори. Се вжештува реториката, изборните карвани во трка по довербата на граѓаните...
Ветувања за нови проекти, идеи, обвинувања. Осми ден од кампањата за локалните избори. Се вжештува реториката, изборните карвани во трка по довербата на граѓаните.
Под мотото „Се бориме за нашиот дом“, СДСМ карванот го продолжува со средби со граѓани и митинзи во Илинден, Петровец, Карпош и Центар. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата настапуваат под мотото „Вистинскиот избор-твојот човек, твоето место, за твојата иднина“. Денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Долнени, Македонски Брод и во Кичево.
И партиите од албанскиот политички блок ја бараат довербата преку средби со граѓани и прес-конференции на кои ја претставуваат својата програма. На терен и независните кандидати и вонпарламентарните партии ги промовираат визиите за поубаво и поздраво место за живеење.
