Соработка

Лидерите на Западен Балкан во Драч на самитот на иницијативата „Брдо-Бриони“

06.10.2025 08:13

Во фокусот на средбата се европската интеграција, планот за раст, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност.

Шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Драч, Албанија. Таа ќе учествува на состанокот на лидерите на земјите од процесот „Брдо-Бриони“. Во фокусот на средбата се европската интеграција, планот за раст, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, а нејзини членови се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Самитот во Драч го организираат претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа Пирц Мусар и Зоран Милановиќ, а домаќин е претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

На состанокот во Албанија е потврдено учеството на црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, косовската претседателка Вјоса Османи и на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Иницијативата „Брдо-Бриони“ има за цел да поттикне меѓусебна соработка и да ги олесни напорите на земјите од регионот на нивниот пат кон ЕУ.