Чествување на празникот Пресвета Богородица во истоимениот манастир во Матка

28.08.2014 16:37

Во непосредна близина на главниот град, на само петнаесетина километри од центарот се наоѓа прекрасната клисура на реката Треска.

Матка е особено интересна за планинарите и за љубителите на пештерите. Во спелеолошкиот парк се наоѓаат пештерите врело, убава и крштана и подводната пештера подврело.

Оние пак што сакаат само да се прошетаат и да се разладат можат да уживаат по течението на реката Треска на чии брегови, по излегувањето од езерото Матка, има и прекрасни локации за излети.

Тешката пристапност и стрмите предели нуделе и посебна сигурност во минатото кога на овој дел се изградени и неколку цркви и манастири.

На левиот брег на реката треска, после браната, се наоѓа манастирот  „Успение на Пресвета Богородица“ попознат како манастир Матка. Овој активен манастир е изграден во 14-тиот век. На натписот што се наоѓа над влезната врата стои дека црквата потекнува од 14-тиот век, а покривот, припратот и фрескоживописот се од крајот на 15-тиот век.

Култот кон Света Богородица во овој манастир бил многу силен и токму затоа на неговиот патронен празник – Голема Богородица – овде се собираат илјадници скопјани кои учествуваат на големата општонародна веселба збогатена со манастирска трпеза на која неизбежно има гравче.

Веројатно кањонот и пошироката област го добиле името Матка токму поради овој манастир посветен на мајката божја чие име на старословенски е – мат.

Тања Сарандеска