Македонија

Муртезани домаќин на делегации од Република Австрија и Република Словенија

06.10.2025 08:34

Муртезани денеска ќе биде домаќин на делегации од Република Австрија и Република Словенија, кои престојуваат во работна посета на земјата...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ќе биде домаќин на делегации од Република Австрија и Република Словенија, кои престојуваат во работна посета на земјата.

Делегацијата на Австрија предводена од Сојузната министерка за Европа, интеграција и семејство Клаудија Плаколм и државната секретарка во словенечкото Министерство за надворешни и европски прашања Нева Грашич.

По средбата со делегациите ќе се одржи прес-конференција во Министерството за европски прашања.