Музејот на македонската борба

Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на Денови на македонската музика

06.10.2025 08:44

48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи Гудачкиот квартет „Атака“...

Во рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи Гудачкиот квартет „Атака“.

Како што соопшти Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), на програмата се дела од Лука Јанкулоски, Бојана Петровиќ Алексова, Ана Пандевска и Стефан Гајдов.

Гудачки квартет „Атака“ е формиран во 2022 година. Составот го сочинуваат Ева Богоевска и Марија Трајковска (виолини), Илза Бафтиари (виола) и Маја Михајловска (виолончело).

Музичарки со веќе значајно искуство како солистки и како членки на различни оркестри и камерни состави, со образование стекнато под менторство на реномирани професори во земјата и странство. Формиран пред три години, „Атака“ за краток период се наметна како еден од најактивните млади камерни ансамбли на домашната сцена, соопшти организаторот.

 

 

 

 

 

Фото:/ СОКОМ