Израел и Хамас во Египет во обидат да постигнат договор за мировниот план
На повидок прекин на огнот во Газа. Претставници на Израел и Хамас во Египет во обидат да постигнат договор за мировниот план, предложен од Трамп. Египетското министерство за надворешни работи соопшти дека првичниот фокус на разговорите преку посредници, ќе биде постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници кои ги држат милитантите во Газа, во замена за палестински затвореници во Израел. Американскиот претседател изјави дека неделава очекува резултати од разговорите во Египет. Се закани дека Хамас ќе се соочи со „целосно уништување“ ако го одбие неговиот план и не ја предаде власта и контролата...

На повидок прекин на огнот во Газа. Претставници на Израел и Хамас во Египет во обидат да постигнат договор за мировниот план, предложен од Трамп. Египетското министерство за надворешни работи соопшти дека првичниот фокус на разговорите преку посредници, ќе биде постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници кои ги држат милитантите во газа, во замена за палестински затвореници во Израел.
Американскиот претседател изјави дека неделава очекува резултати од разговорите во Египет. Се закани дека Хамас ќе се соочи со „целосно уништување“ ако го одбие неговиот план и не ја предаде власта и контролата врз Газа.
„Имаше многу позитивни разговори со Хамас и со земји од целиот свет овој викенд, за ослободување на заложниците, завршување на војната во газа, но што е уште поважно-за конечно постигнување на долго посакуваниот мир на блискиот исток. Времето е клучно, инаку ќе следи масовно пролевање на крв-нешто што никој не сака да го види“, изјави Доналд Трамп - американски претседател.
Вашингтон побара Израел веднаш да ги запре воздушните напади откако ќе се постигне договор за ослободување на израелските заложници што ги држи Хамас во Газа.
„Сакаме да ги ослободиме заложниците што е можно поскоро. За да се случи тоа, не може да има војна во тек, а хамас мора да се согласи да ги предаде. Ослободување на заложниците нема да донесе мир, ако терористичка група остане активна во Газа. Никогаш нема да има мир во Газа сè додека има терористи кои дејствуваат од таа територија и ја загрозуваат безбедноста на Израел“, изјави Марко Рубио -американски државен секретар.
Израел и САД се решени индиректните преговори со Хамас да траат само неколку дена, вели Нетанјаху.
„Се надевам дека ослободувањето на заложниците ќе биде оваа недела, но не можам да гарантирам дека тоа ќе се случи. Ако не се случи, ќе се реализира она што го кажа претседател Трамп-дека целосно ќе го поддржи Израел во дејствувањето енергично против Хамас“, изјави Бенјамин Нетанјаху - премиер на Израел.
Хамас претходно соопшти дека прифаќа делови од планот на Трамп, по што американскиот претседател го повика Израел веднаш да ги прекине бомбардирањата во појасот Газа. Сепак, неколку клучни прашања во сеопфатниот мировен план остануваат нерешени-разоружувањето на Хамас и повлекувањето на израелските трупи.
Катерина Бојаџиева
