Низа дронови изминатиот викенд над Германија
Во Германија властите истакнуваат дека инцидентите стануваат сè почести, особено во близина на воени и индустриски објекти. Во последните недели, слични неидентификувани беспилотни летала се видени над неколку европски земји...

Низа дронови изминатиот викенд беа видени над Германија, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен.
Во последните недели, слични неидентификувани беспилотни летала се видени над неколку европски земји. Беа пријавени прелети над аеродромот во базата Каруп и неколку дански аеродроми. Поради ова, властите привремено забранија цивилни летови со беспилотни летала и го зголемија надзорот, а данското разузнавање потврди дека станува збор за „хибридни напади“ за кои ја обвинија Русија.
Околу 15 дронови беа забележани над белгиската воена база Елзенборн, а во Германија властите истакнуваат дека инцидентите стануваат сè почести, особено во близина на воени и индустриски објекти.
„Не секој дрон автоматски претставува закана, дури и ако е иницирано и контролирано од странски сили. Многу од нив се дел од намерна провокација и не претставуваат закана, но сепак, мора да се подготвиме за тоа доколку е закана и стане посериозна. Мора да се вклучиме во оваа трка помеѓу заканите со дронови и одбраната од дронови“, изјави Александар Добриндт – германски министер за внатрешни работи.
