Македонија оди на Евробаскетот

28.08.2014 16:41

Сениорската репрезентација на Македонија успешно ја помина и последната пречка во квалификациите за Европското првенство што треба да се одржи идната година. Со победа над Белорусија од 72 спрема 66, избраниците на селекторот Александар Џикиќ обезбедија четврто учество по ред на собирот на најдобрите репрезентации на стариот континент.

Дури десетмина кошаркари од нашата репрезентација се запишаа во листата на стрелците, а минутажа од добија сите 12 играчи во составот. Ричард Хендрикс со 12 поени и 10 скокови беше најефикасен во нашиот тим, додека Дамјан Стојановски со 13 поени беше најдобар стрелец. Учеството на македонската селекција на собирот на најдобрите 24 европски репрезентации е вкупно петто во историјата.