Локални избори 2025

Мециновиќ ја претстави својата програма во Аеродром

06.10.2025 17:15

Очигледна е енергијата која нè носи во втор круг, рече при претставувањето на својата програма во Општина Аеродром кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Мециновиќ...

Очигледна е енергијата која нè носи во втор круг, рече при претставувањето на својата програма во Општина Аеродром кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Мециновиќ.

Во оваа прилика се обрати и кандидатот за градоначалник на Аеродром, Димитриев.

Од Кичево со свои приоритети излезе носителот на листата, Мишкоски.

Левица ветува, Мишкоски ќе ги унапреди условите во населените места каде за жал и во 21-ви век се далеку од оние соодветни на потребите на жителите, како лоши патишта, немање водовод и канализација и други.

Освен тоа Левица рече има многу проекти за развој на Кичево како современ град.

Фиљана Кока