Србија
Се преврте чамец со 11 патници во Дунав, има жртви
06.10.2025 12:05
Според првичните информации, на чамецот имало десет кинески државјани и еден српски државјанин.

Чамец во кој се превезувале десетина лица се преврте на реката Дунав во близина на Бачка Паланка. Според првичните информации, на чамецот имало десет кинески државјани и еден српски државјанин.
Ангажирани се специјални тимови за спасување на вода од Србија и од Хрватска. Екипи трагаат по исчезнати во реката Дунав, а се претпоставува дека има и загинати.
Фото: РТС
