Словенија
Македонец претепан до смрт во Љубљана
06.10.2025 12:31
Од нашето МНР потврдуваат дека до македонската амбасада е доставено известување дека ноќта на 2-ри октомври, животот го загубил македонски државјанин од Кочани.
38-годишен македонски државјанин е пронајден мртов во центарот на Љубљана. Словенечките медиуми пренесуваат дека бил претепан до смрт.
Од нашето МНР потврдуваат дека до македонската амбасада е доставено известување дека ноќта на 2-ри октомври, животот го загубил македонски државјанин од Кочани.
Семејството на починатиот е известено, а случајот го разгледува секторот за криминалистичка полиција на Словенија.
