Драч, Албанија

Сиљановска – Давкова на самит на иницијативата „Брдо-Бриони“

06.10.2025 12:52

Во фокусот на состанокот се европската перспектива на Западен Балкан, европскиот план за раст на регионот, младинските политики и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност.

Лидерите на земјите од Западен Балкан се собрани во Драч, на самит на иницијативата „Брдо-Бриони“. Македонската делегација е предводена од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

Во фокусот на состанокот се европската перспектива на Западен Балкан, европскиот план за раст на регионот, младинските политики и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност.

Самитот го организираат претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа Пирц – Мусар и Зоран Милановиќ, земји на чијашто иницијатива беше покренат процесот во 2013-та, а домаќин е претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

„Брдо-Бриони“ има за цел да ја подобри регионалната соработка и да придонесе за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.