Стотици граѓани вчеравечер беа дел од духовнaтa академија, црковното пеење и читањето псалми
Трета година по ред верниците од сите краеви на земјата во манастирот посветен на богородица на Матка го чествуваат празникот – Успение на Девицата. Освен Духовна академија и молитвено црковно пеење, граѓаните можеа да си купат подароци од црковниот панаѓур и да поминат уште еден убав ден со семејството.

Полноќниот џагор во подножјето на женскиот манастир на Матка го навестува големиот христијански празник – голема Богородоца, успението на Девицата. Стотици граѓани и оваа година традиционално во предвечерието се собраа во атарот на храмот да бидат дел од духовната академија, црковното пеење и читањето псалми.
Хуманите луѓе може да даруваат крв и да остават подароци во црквата.
„Запаливме свеќа, убаво се чувствуваме, секоја година доаѓаме овде.“
„Многу ни се допаѓа овде, така што секоја година доаѓаме“, велат верниците.
Христијаните веруваат дека Богородица по смртта, како и нејзиниот син, воскреснала и заминала на небото. Оттаму и доаѓа успение, што значи искачување. Во нејзина чест трета година по ред во манастирот на Матка се оддржува голем црковно народен собир кој трае два дена.
„Од девет часот почнува музика, после тоа се коли курбан, се дава ручек“, вели Жарко Блажевски, вработен во МПЦ.
„За празникот доѓаат околу пет илјади луѓе, а редовно континуирано го псоетуваат“, рече Сестра Доротеа.
Името на Богородица е едно од трите што најмногу се среќаваат во имињата на цркви и манастири во земјава.
Анита Димитријевска
