Јавен превоз

200 приватни автобуси паркирани во гаражите, ќе сообраќаат редуцирано

06.10.2025 16:35

Некои знаеја, други со часови на дожд чекаа на постојките. Приватните превозници ги редуцираа автобусите. И покрај тоа што добија дел од парите, бараат целосна исплата на долгот...

Веќе половина час сме на една од автобуските постојки, но автобус нема. 200 приватни автобуси се паркирани во гаражите и од денеска ќе сообраќаат само од 5 до 10 часот.

По последната средба со директорот на ЈСП, тројца превозници добиле по 500 илјади денари, но бараат целосна исплата на долгот што се брои во милиони денари. Велат, не можат да ги покријат трошоците за гориво, бензинските пумпи веќе ги предупредуваат, некои им најавиле извршители.

Дел од граѓаните беа информирани за редуцираниот превоз, други гневни, со часови на дождот чекаа на постојките.

Превозниците шест месеци се без приходи, а за последните три немаат извештаи од ЈСП за да можат да им фактурираат.

Александра Велинова