Почната исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади соопшти дека денес започна извршувањето на уплатата на надоместоците од социјална, детска и граѓанска заштита за септември 2025 година...

Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади соопшти дека денес започна извршувањето на уплатата на надоместоците од социјална, детска и граѓанска заштита за септември 2025 година.
Примателите на финансиски надоместоци кои поседуваат дебитна картичка од денеска ќе можат да повлечат средства од банкоматите и да ги употребуваат парите за плаќање без готовина во трговските објекти или преку електронско и мобилно банкарство.
„За да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа – на 06,10.2025: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ и на 07,10.2025: М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш“, информира Министерството.
